Оди на содржината

Од фактура до подготвени наименувања за царинска декларација.

SmartDeclarant ги чита ставките од фактурата, наместо да се препишуваат. Предлага тарифни ознаки, ги групира во наименувања и генерира Smart извештај за копирање во вашиот шпедитерски софтвер.

Најави се

Одлуката е секогаш ваша. Системот предлага, декларантот потврдува.

Пример

Предизвиците во царинското тарифирање

  • 10.149 тарифни ознаки

    Секоја ставка од фактурата бара точна тарифна ознака. Царинската тарифа е голема, а роковите се кратки.

  • Вашата база не се губи

    Потврдените ознаки се внесуваат од Excel, со проверка на секој ред пред увозот. Истата стока од истиот добавувач потоа се препознава автоматски.

  • Секоја одлука има запис

    Кој што потврдил, што променил и кога, во дневник што не може да се менува.

Како работи

  1. Прикачете фактура

    Работата започнува едноставно. Прикачете PDF, слика или Excel фактура. SmartDeclarant автоматски ги препознава ставките и вредностите, а вие само ги потврдувате.

  2. Тарифирање

    За секоја ставка добивате предлог на тарифна ознака. Кога описот не е доволен, системот поставува прашање наместо да претпоставува. Потврдувате со еден клик.

  3. Финална фактура

    Потврдените ставки автоматски се групираат во посебни наименувања според тарифната ознака, потеклото и преференцијалот.

  4. Извештај

    Добивате Smart извештај и спецификација за копирање во вашиот шпедитерски софтвер, со информативна пресметка на увозните давачки.

На што се потпира

SmartDeclarant користи официјални и проверени извори на податоци за прецизно тарифирање.

10.149
Тарифни ознаки од ТАРИМ
56.418
Задолжителни тарифни информации (BTI) на Европската Унија

Пакети и цени

Цени за

Двата режима работат автоматски и ја користат истата класификациска анализа. Разликата е само во тоа кој го прави последниот избор.

Почетен
€49месечно

до 1.500 ставки месечно

Про
€99месечно

до 5.000 ставки месечно

Елит
€179месечно

до 12.000 ставки месечно

Годишно плаќање: два месеци гратис.

Без картичка при старт. Плаќате по фактура и вирман.

Видете го на ваша фактура

Донесете една декларација што веќе сте ја поднеле. Видете каде се разликуваме и зошто.

Најави се